Симбол на верата

  • Веруваме дека има само еден Бог, жив, реален, без почеток и крај на своето постоење, семоќен, сеприсутен, непроменлив. Бог е љубов, милостив, свет, праведен и единствено достоен за слава.
  • Веруваме дека Бог е еден во три лица – Бог Отец, Бог Син и Бог Свети Дух. Сите тројца се едно, подеднакво достојни за почит.
  • Веруваме дека Господ Исус Христос е совршен Бог и човек, непорочно зачнат од Бог и роден од девицата Марија.
  • Веруваме, дека Господ Исус Христос беше распнат на крст, умре, беше погребан, воскресна од мртвите на третиот ден и се вознесе на Небото седнувајќи од десно на Бог Отецот.
  • Веруваме дека човекот ја загуби врската со Бог и се изложи на суд поради паѓањето во грев.
  • Веруваме дека човекот се оправдува пред Бог единствено и само преку верата во Христовата личност и Неговото спасително дело.
  • Веруваме дека во животот на секој христијанин треба да се гледаат плодовите на неговата вера: да живее свет живот и да ги исполнува сите должности кон Бог, кон ближниот и кон себе, воден од Светиот Дух.
  • Веруваме во една, света и апостолска Христова црква, образувана од верници, кои го исповедаат Господ Исус Христос за свој Спасител и го исполнуваат Неговото учење.
  • Веруваме дека Библијата, составена од Стар и Нов Завет, е Боговдахновеното откровение на Божјата волја за човекот. Книгите на Стариот Завет се 39 на број а на Новиот 27 – или вкупно 66 канонски книги.
  • Веруваме дека проповедањето на Евангелието е главното средство, определено од Господ Исус Христос, за доведување на грешните кон покајание и изградување на Христовите верници во светост и праведност.
MK