Богослужбите на црква „Добра Вест“ се одржуваат секоја недела наутро од 11:00, на Ул, Благој Давков бр.10 Скопје
На богослужбите преку пеењето на духовни песни Му оддаваме слава и чест на Бог нашиот Отец и на Господ Исус Христос. Поголемиот дел од богослужбата е посветен на изучување на Библијата, преку која добиваме храна за нашата душа, познавање за Бог и мотивација за поголема посветеност и служба во Неговото дело. Беседите што се проповедаат на неделните богослужби можете да ги најдете во Аудио и PDF формат на линкот: „Проповеди“.
Добредојдени сте на нашите богослужби заеднички да наоѓаме спасение, мир, радост, утеха и спокојство за нашите души.
Ефесјаните 2:19
„Христовото слово да живее изобилно во вас во сета мудрост, поучувајте се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни и духовни песни, пеејќи Му на Бог со благодат во вашите срца. И што и да правите со збор или дело, правете сè во името на Господ Исус, благодарејќи Му преку Него на Бог Таткото.“